Актор се правда дека работеле чисто, уште во 2014 македонското обвинителство ја затворило истрагата

by fokus

Грчката градежна компанија „Актор“ се брани од кривичното гонење на Грчкото обвинителство со алиби од македонските судови. Оваа фирма во соопштение наведува дека судските власти во Скопје по извршената ревизија во работењето утврдиле дека нема немало никаков прекршок и дека предметот од 2014 година е ставен во архива.

Од „Актор“ негираат дека се переле пари при изградбата на автопатската делница и посочуваат дека немало никаква измама при одвивањето на градежните работи.

Од компанијата соопштуваат дека тие доставиле најниска цена во висина од над 210 милиони евра на меѓународниот тендер, на кој како претставник учествувал набљудувач на Европската Комисија и претставници на Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициона банка.

Соопштението на „Актор“ следува по информацијата дека Грчкото обвинителство ќе ја гони оваа фирма за перење на пари во висина од 50 милиони евра. Поведувањето на постапка во Грција може да доведе до судски процес, во кој „Актор“ би можел да биде казнет за тешкиот обвинителен акт.

Скандалот со перење пари први го открија македонските социјалдемократи во 2014 година. Од СДСМ преку соопштение за јавноста посочуваат на скандалозното непостапување на Јавното обвинителство од земјава во овој случај.

Поврзани новости