477
Активистката и носител на советничката листа на СДСМ во општина Центар, Јана Белчева Андреевска е избрана за претседател на Советот со 15 гласа “за“ и 6 “воздржани“. Воздржани беа советниците од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
-Ќе ја следиме Вашата работа и брзо ќе очекуваме резултати – порача претседавачот со денешната седница, Цветанка Симоновска.
Белчева Андреевска за советник беше предложена од иницијативата “Во одбрана на Дебар Маало“. Таа е дипломиран електро-инжинер и работи како консултант ГИС системи и ИТ.