582
Aктивистите Павле Богоевски и Симона Спировска се двајцата демонстранти кои беа приведени по вечерашниот протест, дознава НОВА.
Тие се наоѓаат во полициската станица Беко и дел од демонстрантите веќе на социјалните мрежи се организираат за да се упатат кон полициската станица, за да им дадат поддршка.
И двајцата, веднаш по завршувањето на протестот биле приведени од од полициската единица „Алфа“ на паркингот пред Шпанската амбасада во центарот на Скопје.
За Богоевски ова е второ приведување во рок од десетина дена.