Двајца активисти на Шарената револуција по завршувањето на протестот беа приведени од полициската единица „Алфа“ на паркингот пред Шпанската амбасада во центарот на Скопје, јави СДК.МК.
Станува збор за момче и девојка, истакнати граѓански активисти кои на денешниот протест го шараа Министерството за правда и имаа вербална расправија со полицајците.
И двајцата биле однесени со полициско комбе.