Активистите на СДСМ меѓусебно се степале во Средорек, тврдат од ЗНАМ

by vlatko 23:07
23:07

ЗНАМ ги отфрли како невистинити и политикантски обидите на СДСМ за случајот во кумановски Средорек, откако СДСМ обвини дека членови на штабот на Мартин Костовски, кандидат за градоначалник на СДСМ, биле нападнати од страна на Самек Салиевски, актуелен кандидат за советник од ЗНАМ и член на тимот на Максим Димитриевски.

„СДСМ и неговиот кандидат за градоначалник Мартин Костовски денеска се послужија со класична лага и инсинуација во обидот да добијат ситни политички поени, надевајќи се дека тоа нешто ќе им смени на 19 октомври на изборите. Го обвинија нашиот кандидат за советник Самет Салиевски дека, наводно, тој нападнал членови на еден од изборните штабови на Костовски во Куманово. Тоа е целосна лага од Костовски.

Вистината е сосема поинаква. Нашиот кандидат за советник Салиевски бил сведок на меѓусебна вербална расправија на активисти на СДСМ во близина на неговиот дом каде што живее. Поточно, слушнал силно викање, излегол и бил сведок на почната тепачка меѓу нив. Тој само застанал меѓу нив за да ги раздвои, по што се повлекол. Немало никаков физички контакт што може да се карактеризира како атак од него. Во меѓувреме веќе станал цел на вербални провокации и довикувања на кои реагирал смирено и воздржано“, реагираа од ЗНАМ.

Слични вести