676
Пет активисти од Шарената револуција ќе се најдат на пратеничката листа на Социјалдемократскиот сојуз, дознава Телма.
Иако се уште не е официјализирано, високи партиски функционери брифираат дека разговорите веќе се во тек. Еден од активистите кои се споменуваат е Павле Богоевски, кој вели дека се отворени за соработка со опозицијата, но немало конкретен предлог ниту имиња.
Од СДСМ претходно излегоа со иницијатива за формирање на широк опозициски фронт за уривање на актуелната власт.