518
Меѓу новоизбраните членови на Советот на јавни обвинители, кои вчера дадоа заклетва, се најде и Арбер Исаку.
Исаку бил активист на ДУИ барем до лани. Од официјалните податоци за финансиско работење на политичките партии, може да се види дека тој си ја подмирил членарината за 2015-та година.
Освен тоа, Исаку давал финансиска поддршка на партијата на Ахмети во битката за место повеќе во Собранието. На извештајот на расходите и приходите од изборната кампања на ДУИ во 2014-та, Исаку се најде меѓу вкупно 24-те донатори, а дал сума од 5 илјади евра.
Единственото искуство во сферата на судството пак, овој правник го стекнал како преведувач во Основиот суд во Тетово.