Веб страницата преку која граѓаните ќе можат да се пријават за вакцинација против Ковид-19, почна да функционира.
Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека секој ќе може да се пријави, а системот ќе биде тој кој ќе генерира кои се приоритетни.
Освен по електронски пат со регистрација на веб страницата за вакцинација ( https://vakcinacija.mk/ ) , пријавувањето за вакцини ќе се врши и преку матичните лекари преку системот „Мој термин“.
Утврдено е како ќе се спроведува процесот на вакцинација против Ковид-19. Капацитетот за вакцинирање изнесува по 880 лица дневно во сите поликлиники во Здравствениот дом во Скопје и дополнителни близу 500 во пунктот во Клиничкиот центар во Скопје. Вакцинацијата ќе почне со здравствените работници и со лица над 70 години.