Актерот Ванчо Петрушевски на советничката листа на ВМРО во Скопје

by Фокус

Актерот Ванчо Петрушевски, кој беше еден од поддржувачите и говорниците на постизборните протести организирани од „За заедничка Македонија“, чии фронтмени упаднаа во парламентот на 27 април, е кандидат за советник во Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ.

Петрушевски го зазема 22-то место на листата која ја предводи генералниот секретар на ДПМНЕ, Христијан Мицковски, а на листата уште може да се најдат Михајло Маневски, Ирена Мишева, Јелена Жугиќ, Владо Поповски…

 

Поврзани новости