Актерот Лазар Ристовски ги покани сите граѓани на Србија на митингот „Србија на надежта“ што ќе се одржи во петок на 26 мај.
– Ги поканувам сите граѓани на Србија на митингот „Србија на надежта“. Искрено ги поканувам оние што се собираат во петок. Србија не е само Белград, ова ќе биде собир на единство, не разделување, љубов, не омраза. Да ја оставиме суетата на страна, да мислиме на Србија – рече Ристовски.
Како што најави претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на 26 мај ќе се одржи митингот „Србија на надежта“, најголемиот досега одржан во Србија.
– Ги повикуваме сите граѓани на Србија да дојдат на најголемиот собир досега одржан во Србија на 26 мај, ден пред големите и важни одлуки за Србија. Ќе го одржиме пред Народното собрание или на Плоштадот на Републиката во Белград на 26-ти попладне. Ги повикуваме сите луѓе кои сакаат добро за Србија, кои сакаат да ја зачуваат Србија, да ја бранат од оние кои по секоја цена ќе ја урнат и уништат и на мирен, достоинствен, горд и демократски начин да покажат дека никој не може да ја одземе Србија, на своите граѓани. Да живее Србија, ќе се видиме на 26 мај на платото пред Народното собрание – рече Вучиќ.