Денеска во Кривичниот суд стартуваше судењето за случајот во кој за шверц на кокаин е обвинета актерката Силвија Стојановска и нејзиниот сопруг. Тие се обвинети за транспорт на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија.
На денешното рочиште беше прочитано обвинението, а одбраната ги изнесе воведните зборови пред судот, а следното рочиште е закажано за 7 септември.
Стојановска и нејзиниот сопруг Воислав Будисављевиќ пред судот посочија дека не се чуствуваат за виновни.
-Во текот на истрагата Обвинителството утврди дека во периодот од јули 2019 година до 18.12.2019 година обвинетите, заедно со тројцата обвинети во Шпанија, од кои едниот е македонски државјанин, брат на првообвинетиот, како и повеќе лица, учествувале во неовластено купување, пренесување и продавање кокаин во вкупна количина од 698 758 1 грама. Обвинетите подготвувале и организирале неовластено купување, превезување и сместување на кокаинот од Колумбија до Мадрид, и барале купувачи, се наведува во обвинението.
Од истрагата, Обвинителството утврдило дека обвинетите меѓусебно комуницирале со користење телефонски мобилни уреди и мобилни апликации со заштитени канали, а користеле и уред за детектирање евентуална полициска инсталација и дигитални преноси за примена на посебни истражни мерки.