Руските лекари велат дека не пронашле докази дека Навални е отруен

by Fokus

Лекарите од болницата во Омск изјавија дека не пронашле траги дека рускиот опозиционер Алексеј Навални бил отруен. Тие сепак одбија да го одобрат неговиот трансфер во Германија, каде што би го продолжил лекувањето.

„Никакви отрови, ниту траги на отрови не се пронајдени во неговиот систем. Труењето како дијагноза е сѐ уште опција, но ние не веруваме дека пациентот бил отруен“, изјави заменик директорот на болницата во Омск, Анатоли Калиниченко.

 

Навални (44) од вчера е во кома и приклучен на респиратор и се верува дека бил отруен на аеродромот во Томск. Германски активисти денеска испратија медицински авион за Русија со цел да го однесат Навални на лекување во Берлин, но руските лекари сметаат дека неговата состојба е нестабилна и би било опасно сега да патува. Омск е оддалечен од Берлин 4.200 километри и летот би траел околу шест часа.

„Забраната за транспорт на Навални е закана по неговиот живот. Трансферот се одложува додека не исчезнат трагите на отровот од неговото тело“, изјави портпаролката на критичарот на Путин, Кира Јармиш.

Поврзани новости