Ме силуваше мојот колега и драг пријател Бранислав Лечиќ, во мај 2012 година. По четири дена игравме во претстава. Бев во шок. Сакав веднаш да повикам полиција, но размислував што ќе се случи. Мора да ја разберете таа ситуација.
Ова го изјави актерката Даниела Штајнфелд во интервју за српски „Инсајдер“. Таа се најде деновиве во центарот на вниманието на српската јавност, откако обелодени дека ја силувал познатиот актер, кој едно време беше и министер за култура во владата на Зоран Ѓинѓиќ.
Штајнфелд пристигна во петокот во Белград од Њујорк, каде што живее со години, за да даде изјава пред обвинителството. Во интервјуто за „Инсајдер“, таа одговара на бројни прашања, вклучително со тоа зошто не пријавила сè, зошто одбила да го открие неговото име, но и зошто конечно решила да го стори тоа.
-Кога случајот со жртвите на Мики Алексиќ се појави во јавноста, Бранислав Лечиќ одлучи да биде голем активист против сексуални злосторства. Во моментот кога ги покани поранешните ученици од училиштето на Алексиќ да влезат во неговото училиште за глума, се прели чашата. Разбрав дека повеќе не е прашање што ќе ми се случи во моментот кога зборувам, ова е прашање на мојата општествена одговорност – рече актерката.