Актерите контра директорот Димитров, бараат претстава за младинци и во 2016

by Фокус

Актерите од Театарот за деца и младинци со отворено писмо до јавноста реагираа на најавите од новоназначениот директор Братислав Димитров дека наредната година нема да има претстава за младинци, со што ќе се укине младинската сцена на Театарот. Актерите посочуваат дека младинската сцена е од исклучително значење како за нив така и за нивната публика, бидејќи со активирањето на младинската сцена и се обраќаат на онаа публика која со непостоењето на овие претстави би била изгубена за театар.

-Минатата година во ТДМ се одиграни 182 претстави, од кои 170 детски, со што паѓа во вода тврдењето дека младинската сцена и пречи на детската. Уште еден неточен факт е тоа дека посетеноста опаѓа. Посетеноста изнесува 87 проценти, во просек, за 2014 година. Досега во 2015 година се одиграни 89 претстави, од кои само 6 изведби се од младинската сцена. Термините воопшто не се поклопуваат, пишуваат актерите, кои додаваат дека нема да коментираат дел од јавно изнесените изјави во изминатиот период, за кои сметаат дека се несоодветни, но оти заради зачувување на достоинството на установата, чувствуваат обврска со јавноста да ги споделат фактите кои се однесуваат на бројките.

 

Поврзани новости