Ако вонредниот конгрес го смени Мицкоски, одлуката ќе се спроведе преку суд и Централен регистер, најавува Коневски

by fokus

Инцијативниот одбор за вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во сабота во 12 часот пред Музејот на ВМРО ќе го промовира  слоганот под кој ќе биде организиран конгресот, а и ќе ја објави точната локација, која ќе биде во Скопје.

Ивица Коневски од Иницијативниот одобор за вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ за „Фокус“ вели дека со потписите на делегатите, одлуките донесени на конгресот ќе ги спроведат во суд и Централен регистар, а ако тоа на некој не му се допаѓа може да поднесе жалба.

Додава дека заканите кон нив доаѓаат од личности кои на тој начин сакаат да му покажат лојалност на својот, како што го нарекува, пастир.

-Мицкоски е деструктивен по карактер и опкружен е со таков профил на луѓе кои охрабрени од него, секојдневно шират омраза по социјалните мрежи. Обично тоа се нереализирани ликови кои се незадоволни од самите себе, свесни за својата неспособност и своите фрустрации ги демонстрираат секојдневно со негативни коментари, постови на ФБ и Твитер, покажувајќи лојалност кон својот пастир, вели Коневски.

Што се однесува до тоа кои би биле канидатите за наследник на Мицкоски, Коневски вели дека има време до Конгресот закажан за 28 март.

-Со кандидати не би сакал да шпекулирам, има време до 28 март да се пријави секој што е заинтересиран и кој има поддршка од минимум 30 делегати. Мнозинството на делегати на конгресот ќе одлучат, вели Коневски.

К.С.Б.

Поврзани новости