Премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување на телевизија Сител ја коментираше својата изјава дека тој не може да ја предводи Владата, доколку СДСМ го изгуби град Скопје и другите поголеми општини.
-Пораката е генерално за мобилизација. Јас сум се борел против режим, внатре сум се борел, сум носел храбри одлуки. Но треба поддршката од граѓаните. Не може да имате општини кои го шират национализмот, конзерватизмот. Да има политики кои ќе ве скараат со соседите. Јас реков отворено, јас или Влада преводена од мене, не може понатаму така да води. Парламентарното мнозинство е стабилно, верувам дека ќе имаме и некој плус. Не можете да бидете локомотива, да бидете лидер во таква ситуација. Пораката е кон граѓаните, да излезат, да дадат свој правец.
На прашањето дали ова значи дека доколку тој не може да ја предводи владата, некој друг од СДСМ ќе може тоа го прави наместо него, Заев вели:
-Секако, Влада предводена од СДСМ, со партнерите, плус зајакнато мнозинство, останува Влада предводена од СДСМ.