Заев: Кога реков се оградувам од Мерко, тој почна да ги руши дивоградбите

by fokus

Премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју на телевизија Сител рече дека градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко ја примил неговата порака и ги сменил своите политики.

-Со прочистувањето 450 луѓе беа сменети. И повторно ќе има промени, тоа не е спорно. Јас кога реков се оградувам од Мерко, стигна и до него пораката, тој почна да отстранува објекти. Некои велат само четири платформи се, тој вели дека се 24 и продолжува понатаму. Благодарение на тие пораки во политиката, УНЕСКО ни даде уште две години за ги средиме работите, рече Заев.

Поврзани новости