Адвокатот на момчето кое направи сообраќајка во близина на Сити мол, во која загина 24-годишна девојка од Радовиш, смета дека возачот не управувал со возилото со поголема брзина од 50 километри на час.
Тоа допрва ќе се испитува, а сообраќајниот експерт Сулејман Рахими за „Фокус“, вели дека очекува професионален и одговорен пристап кон овој случај.
„Во вакви случаи, вештаци се оние кои се на лице место да ги измерат сите параметри и тие се суштински извор на информациите за несреќата. Многу е важно колку тие се искрени и одговорни во тоа што го прават. Сите податоци од теренот треба одговорно да се решаваат и на крајот на се достават до суд. Сметам дека овој случај не е толку комплициран само ако се работи професионално и одговорно“, вели Рахими.
Дали ќе се стави крај на ваквите немили настани доколку надлежните институции постават „лежечки полицаец“ пред пешачките премини?
„Тоа зависи од околностите на патот. Мора на лице место да се види, а капиталната инвестиција е многу важна во нашата држава, а тоа подразбира развој на инфраструктурата“, го заврши разговорот тој.
Јорданчо Цветаноски