Ако се попишеа оние кои бојкотираа ќе имаше повеќе Македонци, вели Мицкоски

by fokus

Ја почитувам одлуката на тие кои не се изјаснија на пописот, но со нивното попишување бројката на Македонците ќе беше поголема, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Според него, 90 проценти од оние 7,2 проценти кои според Државниот завод за статистика се граѓани кои што се резиденти, односно се во државата но поради определени причини не се изјасниле по трите основни параметри, кој е нивниот мајчин јазик, вероисповед и националност се дел од македонскиот народ.

-Како партија имавме став дека според нас оваа статистичка операција е некомплетен, односно ја гледаме како незавршена и токму една од потребите за промена во владата е токму и таа за спроведување на попис каков што треба да биде, по електронски начин и точно да знаеме овие 132.000 наши сограѓани на кој народ му припаѓаат.

Иако и сега е видливо, јасно е дека најголем дел од нив, можеби повеќе од 90-тина проценти се дел од македонскиот народ, но поради определени причини не се изјасниле и јас ги разбирам, ги разбирам нивните чувства и ја почитувам нивната одлука да не се изјаснат на овој попис.

Доколку нормално се изјаснеа можеби бројките ќе беа поразлични, соодносот на националностите, на македонскиот народ кој што е дел од овој попис, од оваа статистичка операција ќе беше поинаков, изјави Мицкоски за „Алфа“.

 

Поврзани новости