Ако се набавеше лекот порано, Благојче ќе беше сега жив!

by fokus

Ирена Василевска е мајка на дете со цистична фиброза, која денеска беше присутна на мирниот протест пред Владата по вчерашната смрт на пациентот Благојче Илијевеки.

Таа упати апел до надлежните – да не чекаат ни минута повеќе за набавување на лекот трикафта.

Жалосно е, ни умираат деца, а има лек. Нема веќе чекање ниту една минута. Ќе ги замолам сите надлежни да набават лекови за сите 60 пациенти. Министерот Сали објави дека се обезбедени средства за набавување на лекот. Но, ако тоа порано се случеше, Благојче ќе беше жив”, рече Василевска.

Ј.Ц.

Поврзани новости