ВМРО-ДПНЕ почна со собирање потписи за интерпелацијата против претседателот на Собранието Талат Џафери. Според потпретседателот на оваа партија, Владо Мисајловски, Талат Џафери не може да биде претседател на Собранието со неговото актуелно однесување.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски се надева дека интерпелацијата ќе биде ставена на дневен ред и нема да ја има судбината на низа други интерпелации кои завршија во фиоките на Собранието.
-Ги покажавме сите причини за интерпелацијата, веќе почнавме да собираме потписи, следната недела ќе биде поднесена и се надеваме дека ќе почне процедурата во Собранието, бидејќи некои интерпелации завршија во фиоки. Немаше интерпелација за Љупчо Николовски, за Маричиќ, никогаш не беа отворени. А, верувајте Талат мисли дека тој е Деловникот. Толку се преценува што мисли дека го напишал Деловникот, дека може сè. Можеби оваа интерпелација никогаш нема да го види денот за дебата, но да видиме, се надеваме дека ќе се дебатира. Честопати сме зборувале дека ова нема да успее, знаете зошто – во случај да падне Талат Џафери, паѓа Владата, изјави Мисајловски вечерва во емисијата 360 степени на АлсатМ.