363
Скопјани утре можат да останат без автобуски превоз, ако денес не им се подели плата на вработените, најавија од Синдикатот на јавното претпријатие
Од таму велат, дека иако поминал законскиот рок, тие се уште немаат добиено плата за месец јули.
„Пред Град Скопје сме и чекаме средба со градоначалничката Данела Арсовска. Продолжува нередовната исплата на плати, а ние секојдневно си ги извршуваме работните задачи. Ако до крај на денот не ни биде исплатена плата, утре автобуси нема да има исто како лани во октомври“, вели Миќо Стојановски претседател на синдикатот на ЈСП при Сојузот на синдикати на Македонија.