Уставниот суд укина два члена од Законот за готовонски плаќања кои предвидуваа дека, како купувач доколку не ви дадат фискална сметка смеете да го земете производот и да заминете, како и тоа дека, ако ви дадат фискална мора да ја чувате по напуштањето на продавницата барем 15-тина метри од вратата.
Ваквите одредби се противуставни, затоа што не се во контекст на владеење на правото и не ја гарантираат слободата на пазарот.
Практично, со одлуката на Уставниот суд, доколку продавачот не ви издаде фискална сметка, револтот може да го изразите со напуштање на продавницата или со вербална реакција, но никако не се земање на прозиводот и заминување без да го платите, како што беше до сега.
Доколку пак веднаш ви издадат фискална сметка немате законска обврска да ја чувате како до сега, освен ако вам лично не ви е потребна. Претходно можеше на граѓанин да му се пише казна ако ја нема фискалната по напуштање на продавницата.
Според Уставот, секој е должен да плаќа данок на државата. А во ваквите случаи даночни обврзници се продавачите, не купувачите. Затоа не смее да се казнуваат граѓаните ако немаат земено фискална.
Ова е една од ретките одлуки на Уставниот суд со која тој застанува против решенија предложени од Владата.