Ако не верував, немаше да се нафатам да бидам министер за правда, вели Тупанчевски

by Fokus

Повторно ќе кажам ако не верував, немаше да се занимавам и да се нафатам на оваа работа и да бидам министер за правда, истакна првиот човек за правда, Никола Тупанчевски во емисијата „24 анализа“ околу тоа што мисли општеството за правосудството.

„Ајде обратно да ја поставиме тезата. Цело време се коментира едноцифрениот број во довербата на судството. Тоа е 8 проценти. Ќе направам сѐ што е во рамките на моите можности да ја вратам довербата. На што би личело доколку министерот не верува, вели Тупанчевски.

Според него, нема да биде лесно и веднаш, но смета дека не е невозможно.

Поврзани новости