765
Засега карантин и полициски час не е потребно, но доколку продолжи овој тренд, не ни преостанува ништо друго освен полициски час.
Ова го најави претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџоски на денешната прес конференција, додавајќи дека прославите се главната причина за зголемување на бројот на заразени.
„Одредени настани се главниот промотор на поголемиот број на случаи. Концерти, забави, семејни прослави. Никој не носеше маска. Очигледно тоа не се почитуваше. Ќе речам дека овој есенски бран малку подрани. Ако продолжи да не се почитуваат мерките, не ни останува ништо освен полициски час. Сами ако не си помогнеме, нема никој. Ако не ги почитуваме мерките, тоа ќе не одведе до огромен број на заболени“, рече Караџоски.