Ако Косово стане членка на ОН, нема кој да го спречи проектот „Голема Албанија“, а Северна Македонија и Црна Гора би се распаднале, вели Дрецун

by Fokus

Претседателот на Одборот за Косово при Собранието на Србија, Милован Дрецун предупредил дека концептот на „Голема Албанија“, чиј камен-темелник е независноста на Косово, се реализира и дека тоа претставува опасност за целиот регион.

Проектот „Голема Албанија“ е најголемиот проблем за регионот, односно за земјите чии територии се под влијание на тој проект. Тоа веќе не се само ставови на Албин Курти, туку имаме реализација на концептот на „Голема Албанија“, чиј камен-темелник е обидот да се даде независност на Косово, објаснил Дрецун за РТС.

Тој посочил дека поради реализацијата на тој проект ќе настрада целиот регион.

Доколку се случи Косово да стане членка на ОН и со тоа да добие меѓународен правен субјективитет, никој не би го спречил завршувањето на проектот „Голема Албанија“, при што со тоа Северна Македонија и Црна Гора би се распаднале, смета Дрецун.

Тој порачал дека е грешка ако Црна Гора и Северна Македонија мислат дека членството во НАТО е сигурна одбрана од, како што, вели големоалбанските претензии. Посочил дека македонските власти биле принудени да реагираат на неодамнешната провокација на Курти.

Дрецун подвлекол и дека на Косово се брани територијалниот интегритет и опстанокот на Северна Македонија, како и на Црна Гора.

Кој не разбира дека залагањето за независност на Косово го отвора патот за реализација на концептот за „Голема Албанија“, е во голема заблуда, анализира Дрецун.

Поврзани новости