Истражувањето покажува дека Трамп единствено би победил во Полска, каде има поддршка 38 отсто од испитаниците, додека најмалку поддржувачи има во Германија (10 проценти)
Ако на престојните претседателски избори во САД одлучуваат граѓаните на Европска Унија, актуелниот претседател Доналд Трамп би добил само 17 отсто од гласовите, покажуваат резултатите од истражувањето што на оваа тема го спровела германската Фондација Бертлесман.
И додека 45 отсто го преферираат кандидатот на демократите, Џо Бајден, високи 38 проценти од испитаниците во ЕУ се изјасниле дека ниту еден кандидат не би го добил нивниот глас во една претпоставена ситуација, кога тие би се изјаснувале за претседателските кандидати во САД.
Истражувањето покажува дека Трамп единствено би победил во Полска, каде има поддршка 38 отсто од испитаниците, додека најмалку поддржувачи има во Германија (10 проценти).
Мала е довербата на граѓаните на ЕУ во американската демократија, при што повеќе од половината (52 проценти) од испитаниците одговориле дека демократскиот систем во САД не функционира. Во Германија 61 отсто од испитаниците изјавиле дека американската демократија е нефункционална.
-Четирите години власт на Доналд Трамп оставија трага.граѓанитена ЕУ ја препознаваат важноста на евроатлантските односи, но се трезвени кога станува збор за тоа што е важно за овие односи, изјави една од авторките на истражувањето, Изабел Хофман.
Во анкетата учествувале 14.000 лица од ЕУ, главно од Германија, Полска, Италија, Шпанија, Франција, Белгија и Холандија.
Фондацијата Бертелсман се занимава со политички и социјални теми и редовно објавува студии кои привлекуваат внимание на јавноста во Германија.