На тема: „Се надевам…“
На што се надевате вие?
Претставете ја својата надеж преку: цртеж, дизајн на постер, веб страна, мобилна апликација, фотографија, анимација или илустрација…
Решението пратете го на akademija@semos.com.mk
Повеќе информации во врска со конкурсот, можете да добиете тука.
Еве што двајцата минатогодишни добитници на стипендија изјавија во врска со своето искуство во Академијата за дизајн.
Марко Трпески – Добитник на стипендијата на Академијата за графички дизајн
„Навидум се беше случајност, но ете јас случајно не верувам во случајности. Пишував сценарио за стрип во кое супер херојот беше еден од најголемите предвесници на пролетта, супер пчелката која настанала во еден сон во годините кога беснеела втората светска војна, во логорот Маутхаусен длабоко во пазувите на Австриските Алпи. Истиот ден кога го завршив сценариото, добив телефонски повик од другар кој го видел конкурсот за Академијата на графички дизајн во Семос Едукација. Не, нема да напишам дека знаев дека “Tоа е тоа!”. Но, сигурен бев дека вреди да се обидам да ја презентирам мојата идеја и гледиштата за “пролетта’’ од еден поинаков аспект. Конкурсот гласеше “Мириса на пролет…” И мирисаше, мирисаше на возбудлив период за мене, а верувам и за сите апликанти за стипендијата.
Професионалност од првиот до последниот момент во периодот на апликација беше одговорот на колективот на Семос Едукација. Транспарентност и одличен концепт кој овозможуваше да се даде шанса на сите ентузијасти во оваа област да го покажат својот талент и за тоа да бидат наградени со стипендија и една година уживање во она што љубат да го работат…
Maлку за приказната одвнатре, мислам на приказната за Семос Едукација. Од првиот момент поминат во просториите на Академијата за дизајн осетив инјекција на ентузијазам, наплив на знаење кое чека да биде спознаено и позитивна енергија. Што повеќе е потребно за успешна година?! Да, само широко отворени сетила и желба да се биде дел од верувам најпрестижната академија кај нас… од областа за графички дизајн.“
Кристина Шалкоска – Добитничка на стипендијата на Академијата за веб дизајн
„Академијата за веб дизајн е предизвик и искуство кое ќе ви подари многу успешни моменти во вашата кариера. За мене се започна минатата пролет со објавата на конкурс за стипендија со тема “Мириса на пролет…”. И се уште ми е пролет… Прекрасната атмосфера, исклучително добро сработената програма и предавачи кои допринесуваат за севкупен позитивен впечаток. Среќна сум што конечно сум опколена со луѓе кои имат иста или слична цел како мене. Со моите колеги делиме заеднички интереси и имаме многу позитивна енергија што ни овозможува остварување на нашите замисли со кои дојдовме на Академијата за веб дизајн.
Иако имав одредено познавање за веб дизајнот, тука научив да работам на едно многу повиско и уникатно ниво, го проширив моето знаење, стекнав непроценливо искуство преку работа на сопствени проекти, но и за реални клиенти.
Со тоа што ќе сте дел од семејството на Семос Едукација секојдневно ќе се борите за напредок и ќе ја почуствувате убавината на сопствениот труд. Нема да ви биде потребна ниту титула, ниту награда кога ќе знаете дека со полни гради може да го вдишете плодот на вашето ангажирање во текот на целата академска година. Убава средина, инзворедни колеги и тренери кои го даваат својот максимум. Успешна кариера е вистинската придобивка од едукативниот процес.“