1
Врховниот верски водач на Иран, ајатолахот Хамнеи денеска се сретна со семејствата на припадниците на безбедносните служби убиени во израелските воздушни напади.
„Злото на ционистичкиот режим од пред две ноќи не треба ниту да се зголемува ниту омаловажува. Тие повторно пресметаа и треба да ја разберат силата, волјата и иницијативата на иранската нација и нашата младина“, рече Хамнеи, пренесе иранската државна новинска агенција ИРНА.
Тој рече дека иранските власти мора да се потпрат на моќта и волјата на иранската нација во однос на ционистичкиот режим и треба да го направат она што е најдобро за Иран.
Според досегашните информации, во израелските воздушни напади врз воени цели низ Иран загинале четворица припадници на безбедносните служби.