Ајатолахот Али Хамнеи: Израел ќе биде казнет за нападот во Дамаск

by Fokus

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска го предупреди Израел дека ќе биде казнет за нападот во Дамаск, во кој беа убиени членови на Иранската револуционерна гарда.

„Нашиот храбар народ ќе го казни суровиот ционистички режим, ќе ги натераме да жалат за ова и за други злосторства“, се вели во соопштението на Ајатолахот.

Во нападот во Дамаск загинаа 11 лица, меѓу кои наводно седум членови на Иранската револуционерна гарда.

Уништена е зградата во која се наоѓа иранскиот конзулат и резиденцијата на иранскиот амбасадор.

Иран претходно денеска објави дека испратил „важна порака“ до САД по израелските напади.

Пораката, чија содржина не е откриена, била пренесена на „службеник на швајцарската амбасада“ кој ги застапува американските интереси во Иран и бил поканет во Министерството за надворешни работи, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Хосеин Амир-Абдолахиан.

Поврзани новости