492
Некогашниот министер за култура Ѓунер Исмаил во вечерашната емисија „Само интервју“ говореше за бегството на некогашниот премиер на Македонија, Никола Груевски кој во 2018 година како азилант избега во Унгарија.
Како што истакна Исмаил, очигледно е дека Груевски добил помош и таквата операција не била воопшто комплицирана.
„Не избега под чудни околности. Тој човек очигледно беше добро сервисиран од разни структури. Не би се осмелил да кажам дека било дело на компромис, но ако еден ден се дознае дека имало и таков компромис, нема да бидам изненаден. Сега сепак не би бил сигурен дека е така. Знам дека беше сервисиран од многу страни и да изведе такво бегство од Скопје до Будимпешта не беше така комплицирана операција“, рече тој.