АХВ повлече од продажба млеко, во него нашла растителни масти

by Fokus
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира потрошувачите дека производот – млекото „МИЗО“ со масленост од 2,8%, се повлекува од продажба во маркетите поради несоодветен квалитет и измама на потрошувачите.

Од АХВ велат дека безбедноста на производот не езагрозена, туку дека го повлекуваат поради утврдено присуство на растителни масти.

„Се повлекува производот млеко ‘Мизо’ со рок на употреба: 20.06.2023, а по потекло од Млекара Лесковац, Република Србија. Увозник и дистрибутер на производот во Македонија е ‘Бадев ДООЕЛ Кавадарци’ . Крајните потрошувачи кои гo имаат купено горенаведениoт производ со посочениот рок на употреба, истиот да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде гo купиле“, соопшти АХВ

 

Поврзани новости