АХВ: Николовски манипулира

by fokus

Не се работи за труење и за небезбеден пијалок, туку за недозволена консумација од страна на малолетни лица и непочитување на означувањето на производот, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство на Македонија, во реакција на прес-конференцијата на дополнителниот заменик министер за земјоделство Љупчо Николовски.

Според АХВ, Николовски повторно се служи со манипулации и презентира елементарно непознавање, како што велат, во наводната загриженост за здравјето на граѓаните и безбедноста на храната и пијалоцита и бараат поради тоа тој да си поднесе оставка од функцијата.

Воедно, од АХВ го прашуваат Николовски, дали доколку малолетни лица се затрујат од конзумирање алкохол, повторно според неговата логика и непознавањето на прописите, велат, дали одговорноста ќе биде на Агенцијата или на некој друг.

– Повторуваме дека пијалакот кој само за Николовски е спорен е соодветно означен дека е забранет да се консумира од страна на лица помлади од 18 години, а овој факт, тој или не го знае или свесно го занамарува. Лабораториските испитувања на пијалоците кои ги бара и сите факти, ќе му бидат презентирани на Николовски, секако доколку знае да ги протолкува, зошто со досегашните изјави покажа дека тоа не му оди од рака, се наведува во реакцијата на АХВ.

Поврзани новости