На овие избори, како дел од моето наследство во создавањето политика во оваа земја ја актуализиравме идејата за изборот на првиот премиер Албанец на нашата заедничка земја, истакна лидерот на ДУИ Али Ахмети во обраќање пред Собранието.
-Денес дојде време да го поставиме и последниот камен во ѕидовите на тврдината за да ја остраниме етничката хомогенизација и да им ставиме крај на предрасудите. Оваа идеја, оваа иницијатива за отстранување на сите пречки во насока на потполна еднаквост, наиде на невообичаени, избрзани и необјасниви реакци. Пријатели, да се зборува без размислување е како да пукаш бесцелно. Ние долго размислувавме за овој чекор и констатиравме дека по спроведувањето на нормативниот дел од Охридскиот Договор, по Уставните измени, името, Преспанскиот и Договорот за Добрососедтво, после членството во НАТО и отворањето на преговори со Европската Унија, дојде време да ја претставиме и ова цел за доброто на нашата земја – рече Ахмети.
Тој додаде дека нивниот кандидат Насер Зибери има многу поголемо искуство отколку Зоран Заев и Христијан Мицкоски и притоа нема ниту еден скандал зад себе.