Не помина интерпелацијата за претседателот на Собранието, Талат Џафери поднесена од Собранието. Доцна вечерва пратениците гласаа и со 61 глас „против“, а 43 „за“ интерпелацијата беше одбиена.
Последен говорник беше претседателот на ДУИ, Али Ахмети кој ретко е во Собранието и ретко се јавува за збор. Ја искористи приликата да го поддржи својот сопратиец Џафери, но и да повика на заедничка работа и храбрости во актуелната ситуација со Бугарија.
-Вознемирено ги следам медиумите, се сменило името на Бујар Османи во Булгар Османи. Ова е наша заедничка држава. Затоа Џафери и Булгар Османи имаат мисија, затоа што ова е нашата мисија. Ние не сме тука за бенефиции, туку за општото добро на граѓаните. Затоа ни треба да работиме заедно, затоа што ова се миговите кога се одлучува за постојан мир и нула проблеми со соседите.
Се додека овој храм се претвора во обвинителство… Да, вистина е има корупција, има криминал, да се бориме заедно против него, рече Ахмети.
Говорот на Ахмети беше награден со аплауз од страна на мнозинството.