753
Лидерот на ДУИ Али Ахмети на денешниот митинг во Врапчиште изјави дека неговата партија има кадри потребни за менаџирање на општините и државата.
-Ние го изгласавме законот за прогласување на Шар Планина за Национален парк, тука е иднината, тука се нафтените бунари и Шар Планина нема замена бидејќи ни е подарок од Бога, треба да ја изградиме и да ја направиме привлечна за да ја посетат од целиот свет. Зелената агенда е исто толку национална колку и националните прашања што сме ги решиле досега, Зелената агенда е исто толку важна колку и националното знаме – рече Ахмети.