535
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изјави дека Законот за употреба на јазиците бил испратен на мислење во Венецијанската комисија само заради, како што вели, намалување на тогашните тензии што се јавиле кај Македонците.
-Во моментите кога се преговарало и разговарало за јазикот, нашите меѓународни пријатели ни дадоа мислење, дека е добро законот да се испрати и во Венецијанската комисија, со цел да се намалат тензиите и предрасудите кај нашите македонските сограѓани – изјави вчера Ахмети.