Нов земјотрес на Крит

by Fokus 10:24
10:24

Уште еден земјотрес, со интензитет од 4,8 степени, го погоди утрово Крит, соопшти атинскиот Геолошки институт.

Епицентарот се наоѓал во морето, 12 километри југоисточно од Закрос.

- Advertising -

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Тоа е втор потрес кој во последните 24 часа го погоди грчкиот остров. Вчерашниот земјотрес беше со интензитет од 5,3 степени.

Поврзани новости