Лидерот на партијата, Али Ахмети вели дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ прават се за да добијат двајца пратеници од „Европскит фронт“, но посочи дека тие ги знаат сите детали од тајните договори. Тој денеска го свика претседателството на партијата во Тетово на вонредна седница, по одуката на Управниот суд да ги одбие нивните тужби за прегласување на седум избирачки места.
„Овде прашањето не е дали Европскиот фронт загуби или освои два мандата. Европскиот фронт победи на изборите на 8 мај 2024 година. Победата на Фронтот беше запечатена на 8 мај. Сите политички акробации, тајни договори во подруми се неприфатливи и казниви. Затоа што се шминкаат чекор по чекор. И не треба да се толерира ниту еден чекор поназад, туку сите страни да размислуваат. Ги знаеме сите детали за договорите во црвените визби, политичките договори, а во иднина детално ќе излеземе за сите договори каде што ќе ги приложиме на јавноста“, изјави Ахмети.
Ахмети порача дека на земјата не и требаат непромислени изјави и дека не треба да отвораме фронт со Грција, Бугарија и не треба да отвораме фронт меѓу Албанците и Македонците, како што нагласи, државата е на сите.
„На земјата, на Републиката не и требаат непромислени изјави. Не треба да отвораме фронт со Грција, не мора да отвораме фронт со Бугарија, не мора да отвораме фронт меѓу Албанците и Македонците затоа што државата е заедничка. Мора заедно да градиме иднина, стабилност, безбедност, мир, сето тоа мора да го градиме заедно“, рече Ахмети.