Судот отфрла докази, СЈО се жали на Апелација

by fokus

 

Специјалното јавно обвинителство поднесе жалба до Апелациониот суд во Скопје за решението на Основниот суд да отфрли дел доказите случајот со насилството во општина Центар. Во овој случај еден од обвинетите е и поранешниот премиер Никола Груевски.

СЈО соопшти дека со ваквото решение на судот се врши суштествена повреда на одредбите од Законот за кривична постапка.

Претходно, судијката Татјана Михајлова ги одби како доказ „бомбите“ со образложение дека биле набавени на нелегален начин, со кршење на човековите права и слободи и на меѓународните конвенции. Таа, исто така, го одби предлогот на СЈО, претставувано од обвинителката Фатиме Фетаи, во доказната постапка да биде сослушан сведок со статус загрозен, чиј идентитет би го знаела само таа.

Поврзани новости