454
Демократската Унија за Интеграција во Струга ја елаборираше важноста од изборот на консензуалниот претседател „бидејќи само дадениот глас за него гарантира дека нашата земја ќе продолжи да ги исполни започнатите процеси од почеток на формирањето на ова Влада, како што е членството во НАТО и отварање на преговорите со Европска Унија оваа година“, порачаа од ДУИ.
„Македонија, јас Ве уверувам, ако работиме со посветеност следниве 5 години, ќе биде полноправна членка на Европската Унија. Исто така треба да ги исполниме стандардите кои ќе бидат во наша корист, како прво, да владее законот, да имаме квалитетно образование, да се бориме против криминалот и корупцијата и така натаму. Ние сме тие кои што најмногу добиваме бидејќи овие вредности ги има Европската Унија, ние треба да ги изградиме тука. Ова ќе се случи, бидејќи ние имавме дури и скептици во однос на тоа дека оваа земја ќе стане членка на НАТО, но 11 земји веќе го ратификуваа договорот и до крај на годината Република Северна Македонија ќе стане 30-та земја членка на НАТО”, истакна Претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
Тој додаде дека за еден консензуален кандидат се договорија четири албански политички партии и 27 други партии кои веруваат дека ќе му служи на иднината на земјата.
„На никого не му е со тапија дадено правото, утре може и еден Албанец да биде претседател на државата или на Владата. Така како што не беше замисливо порано еден претседател на Собранието, министер за Внатрешни Работи, Одбрана, Народниот Правобранител, други раководни кадри во полиција, во државната сигурност да бидат Албанци, затоа со разбирање и соработка се се постигнува. Треба да комуницирате со сите бидејќи се знае дека гласот за другиот кандидат, г-ѓа Силјановска, Македонија ја враќа назад бидејќи се ризикува Преспанскиот Договор и непризнавањето на овој договор оди на штета на државата. На 21 април сите заедно одлучуваме за единствената алтернатива за НАТО и ЕУ. На 21 април не се гласа само за г-дин Пендаровски, туку се гласа за иднината на ова земја”, рече Ахмети.