737
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во синоќешното гостување во Клик плус на ТВ 21 истакна дека денеска Македонија има стабилност и мир поради тоа што е дел од НАТО Алијансата.
„Како глувци ќе влезевме по дупки, еве каде е Украина. Тие ракети не се знае на каде одат. Денес си членка на НАТО. Ако некој те чепне, 30 земји стојат зад тебе, зад нашата република. Ако една земја членка на НАТО е во војна, ти денес имаш обезбедено мир, стабилност и безбедност“, вака изјави Ахмети.