Откако лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села изјави оти премиерот Зоран Заев му признал дека бил уценуван од Али Ахмети да биде отстрнет од владата, се огласи Ахмети, демантирајќи ги ваквите тврдења.
-Тоа се измислици на Села – рече Ахмети, додавајќи дека сите партии или пратеници во Собранието кои ќе застанат зад реформите можат да станат дел од владејачкото мнозинство.
Заев, пак, денеска изјави дека вицепремиерското место за реформи, кое Села го одби како компензација за министерството за здравство, ќе го чува за Алијансата.
-Го чувам за Алијанса за Албанците местото и ќе го чувам. Алијансата за Албанците е млада партија. Дадовме навистина многу важно место – рече тој.
Од Алијансата за Албанците сметаат дека ова место е безначајно и понудата е навредлива со цел да се принуди партијата да излезе од коалицијата.