Ахмети тврди дека Георгиевски му нудел план за поделба на Македонија, експресно реагираше екс премиерот

by Фокус 18:48
18:48

Лидерот на „интегративците“ Али Ахмети во интервју за албанската тв „Клан“ тврди дека како командант на тогашната ОНА го одбил предлогот на екс премиерот Љубчо Гeоргиевски за размена на територии, бидејќи според него, над 250.000 Албанци ќе останеле надвор од границите на Албанија.

– Од тогашниот премиер Љубчо Георгиевски ми беше понуден план за поделба на Македонија. Тетово, Гостивар, Дебар и мојот роден град Кичево ќе одеа во Албанија, додека Липково  во Косово. Но, за мене тоа беше неприфатливо, зашто повеќе од 250 илјади Албанци ќе останеа и понатаму надвор од границите на Албанија – тврди Ахмети во интервјуто.

Веднаш со експресна реакција се јави и Георгиевски. Тој тврди дека со Ахмети првпат има разменето неколку збора на 10-годишнината од одбележувањето на Рамковниот договор.

- Advertising -

– Значи од тие причини не сум можел ништо директно да разговарам со него во десетте години пред тој настан. Што се однесува до неговото видување на идејата за трампа на територии и население, претпоставувам тој можел да се информира од други учесници во преговорите околу Охридскиот рамковен договор или пак од медиумите затоа што, за истата тема тогаш доста се зборуваше и пишуваше во македонските медиуми – истакна Георгиевски во соопштението испратено до јавноста.

 

Поврзани новости