Ахмети со Коѕијас разговараше за компромис за името

by Фокус

На средбата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, главна тема на разговор бил проблемот со името. Ахмети вели дека видел добра волја за компромисно решение кај грчкиот министер и тоа ќе го пренел во Скопје.

-Јас сум отворен и сите размислувања ги пренесувам и кај коалициските партнери. Видов подготвеност и волја од страна на министерот за надворешни работи на Грција во правец на изнаоѓање решение, компромисно решение. Оваа добра волја јас ќе ја пренесам во Скопје, со надеж дека и двете страни ќе имаат добра волја за решение, рече Ахмети по средба.

Премиерот Груевски за оваа посета на Ахмети на Атина рече дека е партиска и дека секоја партија си има право да остварува меѓународни средби.

Поврзани новости