482
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети истакна дека самата ситуација докажува дека сите политички партии се заинтересирани да се најде решение.
„Секако дека има разлики кај политичките партии. Меѓутоа, сите треба да се ангажираме да имаме успешна имплементација на договорот постигнат со грчката страна. Бидејќи не се исцрпени сите опции останува во наредните денови да се разговара и очекувам сите да дејствуваат храбро и да не ја испуштиме оваа историска шанса – истакна Ахмети.