Шкендија во проблеми, Марјан Радески ги пропушта мечевите со Шериф

by fokus

Актуелниот шапион Шкендија, информира дека ќе биде без репрезетнативецот Марјан Радески на двата дуело против Шериф Тираспол од 2. квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Радески заработи незгодна повреда во последните секунди од мечот против ТНС во Велс, па наредниве денови ќе се знае тежината на повредата на крилниот офанзивец.

„Шкендија на дуелот против Шериф Тираспол ќе биде без услугите на МАрјан Радески. Тој сигурно нема да биде во комбинација за мечевите од второто коло од ЛШ. Засега нема точни информации за тежината на повредата, а подетални информации ќе добиеме во наредните денови. Радески треба да направи и магнетна резонанца на десното колено, па ќе се знае колку ќе отсуствува“, посочија од тетовскиот клуб.

Поврзани новости