422
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети се сретна со државниот врв на Албанија.Главна тема на нивниот разговор било деблокирањето на интеграцискиот процес на Македонија во НАТО и ЕУ.
Првиот човек на „интегративците“ побарал од Албанија како земја-членка на НАТО да игра активна улога за доближување на страните за проблемот со името, Македонија и Грција, бидејќи решавањето на ова прашање, според него, ќе придонесе не само за доброто и безбедноста на Албанците во Македонија туку и на целиот регион.