Во изминативе две години имаше политичка криза и дека сите критики беа насочени против ДУИ дека ние сме виновни за сите лоши работи што се случуваа на Балканот и во Европа, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети на митингот во Ресен.
-Целта на сево ова беше ДУИ да се тргне од политичката сцена, но тоа не се оствари – рече Ахмети, додавајќи дека неговата партија и на овие локални избори ќе покаже дека е најсилна партија во албанскито блок.
Тој повтори дека ДУИ ќе соработува со владиниот коалициски партнер СДСМ во неколку општини, така што СДСМ ќе ја поддржи ДУИ во Чаир, Тетово, Гостивар, Кичево, додека ДУИ ќе им даде поддршка на кандидатите на СДСМ во Скопје и Куманово.
– На овие избори ние имаме еден договор. Договорот го имаме со нашиот партнер во владата. Таму каде што немаме можност да победиме за градоначалник на општината го поддржуваме нашиот партнер, СДСМ, таму каде што тие немаат можност и шанса да победат за градоначалник како на пример во Тетово, Гостивар, Кичево, Чаир, тие не поддржуваат нас – истакна лидерот на ДУИ.