384
Случајот е ист како со српскиот воз во Косово кој е подготвен во Москва, рече вчера Али Ахмети коментирајќи го соопштението на Министерството за надворешни работи на Русија во кое Русија го обвини Западот дека се меша во внатрешната политика на Македонија и дека сака да ги тргне Груевски и Ахмети.
-Евроатланскиот пат е единствениот пат добар за Македонија. Но, и Европа треба да ни помогне. Ние нема да донесеме финална одлука без да се консултираме со меѓународната заедница. И уште нешто. Сите треба да знаат дека ДУИ ќе донесе правилна одлука, рече Ахмети во гостувањето на тетовската телевизија Арт.
Во интервјуто Ахмети откри и дека преговорите со ВМРО-ДПМНЕ пропаднале, бидејќи партијата на Груевски не сакала да го прифати СЈО.